АктуелноЛокално

Левица: Народот масовно се потпишува на патицијата против ДУП-от на Стефковски во населба Ченто

Жителите на населба Ченто масовно се потпишуваат против штетниот ДУП С19 блок 7 за населба Ченто. Жителите на Ченто ја поддржаа петицијата за стопирање на постапката за донесување на штетниот ДУП С19 блок 7.

ДУП С19 блок 7 за населба Ченто предвидува уништување на зеленило, сечење на 70 дрва и изградба на згради од 8 ката.

Во услови кога Скопје е најзагаден град, Стефковски одлучи да и удоволи на урбаната мафија против интересите на жителите на Ченто.

Левица го поддржува народот и му порачува на Стефковски да го повлече штетниот ДУП.

Советниците од Левица во советот на општина Гази Баба се против лукративниот ДУП и зошто Стефковски не излезе да се соочи со жителите на Ченто, прашуваат од партијата.