АктуелноЛокално

Концерт на руски романси во КИЦ

Млади македонски пејачи веќе 13 години учествуваат во меѓународниот проект  „Романсиада„ посветен на зачувување и просперирање на  жанрот на Руска романса , како еден од највпечатливи сегменти на светска културна ризница. Од 2017 г. „Романсиада„ е под егида на УНЕСКО.

На концертот во Културно информативниот центар – Скопје „Салон 19.19„ во петок (6.декември) со почеток од 19 часот ќе настапат учесници на натпреварот  Балканска „Романсиада„ 2024 г. и членови на Хорот на НОБ со класични и современи романси.

Освен музика публика ја чека средбата со млади рецитатори од гр.Куманово.

Автор на концептот, музички соработник и водител – Елена Сиљаноска, корепетитор во НОБ.