АктуелноЛокално

Мојсоска: Негрижата за дивата струшка депонија ја отсликува неспособноста на сите власти до сега

Излагање на пратеничката од Левица, Јована Мојсоска, по однос на нејзиниот амандман со којшто побара Владата да издвои средства од Буџетот за 2025 годинаа за дислокација на дивата депонија кај Струга и ревитализација на земјиштето:

На самиот влез на градот оваа депонија ги труе стружани! Таа претставува еколошка катастрофа која ја отсликува неспособноста на секоја власт изминативе години!

Депонијата се наоѓа на земјоделско земјиште. Покрај таа депонија минуваат води кои се влеваат во Охридското езеро. Таму се депонира отпад којшто претходно не е селектиран и постои опасност од депонирање и на медицински отпад, којшто во текот на летниот период постојано се пали.

Владата во јули 2017 година, донела одлука за обезбедување на финансиски средства за безбеден и економичен транспорт од струшката депонија до другите депонии. Поминати се ПЕТ ГОДИНИ, струшката депонија стои на влезот од самиот град и ништо не е преземено.

ДПМНЕ го ОДБИ и овој амандман на Левица!