АктуелноИнтернационално

Кина ги укина визите за Македонците

Кина објави дека ќе го прошири безвизниот влез за уште девет земји, меѓу кои и Македонија, во обид да ги поттикне туризмот и деловните патувања за да помогне во заживување на економијата.

Кина објави дека ќе го прошири безвизниот влез за уште девет земји, меѓу кои и Македонија, во обид да ги поттикне туризмот и деловните патувања за да помогне во заживување на економијата.

Почнувајќи од 30 ноември, патниците од Mакедонија, Бугарија, Романија, Малта, Хрватска, Црна Гора, Естонија, Латвија и Јапонија ќе може да влезат во Кина до 30 дена без виза, изјави портпаролот на Министерството за надворешни работи, Лин Џијан, јавува АП.

Со тоа, бројот на земји на кои им е одобрен безвизен пристап од минатата година ќе се искачи на 38.

Портпаролот на Министерството за надворешни работи, Лин Џијан, изјави дека од 30 ноември патниците од Бугарија, Романија, Малта, Хрватска, Црна Гора, Северна Македонија, Естонија, Латвија и Јапонија ќе можат да престојуваат во Кина до 30 дена. без виза.

Во декември минатата година, Кина го прошири безвизниот систем за Франција, Германија, Италија, Холандија, Шпанија и Малезија, а српските државјани можат да престојуваат во Кина до 30 дена без виза уште од јануари 2017 година.

Кина строго го ограничи влезот за време на пандемијата, a ограничувањата ги укина подоцна од повеќето други земји.

За трите месеци, од јули до септември оваа година, Кина забележала 8,2 милиони влеза од странци, од кои 4,9 милиони биле без визи, објави официјалната новинска агенција „Ксинхуа“ цитирајќи конзуларен претставник на Министерството за надворешни работи.