АктуелноЛокално

Симонов: Очекувам протести и масовен граѓански отпор доколку отпочне изградба на регионална депонијата во Свети Николе

Регионалната депонија која се планира во светиниколско веќе со години подлежи на народен отпор. Светиниколчани не се согласни 18 општини да го депонираат сметот во нивната општина, тие предупредуваат на еколошка катастрофа, но и загадување на земјоделското земјиште, кое е основа за егзистенција на огромен број луѓе.

По најавите од заменик министерката за животна средина од ВМРО-ДПМНЕ – Ана Лашкоска, на последната Седница на Општина Свети Николе, Советникот од редовите на Левица – Александар Симонов, постави советнички прашања, поврзани со реализацијата на регионалната депонија. Првото негово прашање беше по однос на ингеренциите на Општината и дали владата на ДПМНЕ ќе ги врати ингеренциите на Општината, претходно земени од владата на СДСМ или така ќе остане.

Владата на СДСМ и ДУИ ги одзема ингеренциите на Општина Свети Николе по однос на регионалната депонија – Дали владата предводена од ДПМНЕ ќе ги врати ингеренциите на Општина Свети Николе?

Во продолжение тој ја констатираше најавата за отпочнување на тендерска постапка, што го активира амандманот од пред три години, поднесен од негова страна, а едногласно усвоен од сите советници, за оддржување локален референдум во Свети Николе, доколку отпочне реализација на проектот, за кој граѓаните никогаш немаат дадено согласност.

Заменик министерката за Животна средина од ДПМНЕ најави реализација на тендер до нова година за отпочнување изградба на регионалната депонија – Дали Општина Свети Николе ќе распише референдум?

Во меѓувреме, од ЕУ стигнаа најави за повлекување на средствата предвидени за реализација на депонијата доколку не биде отпочната реализација до 2026 година, оттука, Симонов нагласи, дека доколку Општината издржи со уште една година отпор, тоа значи дека проектот за загадување на Свети Николе ќе остане нереализиран.

ЕУ постави краен рок за реализација на регионалната депонија до крајот на 2025 година, во спротивно ќе го повлече финансирањето – Доколку не дозволиме отпочнување на изградбата на депонија до 2025 година, дали тоа значи дека проектот ќе биде целосно повлечен од реализација?

Според советникот Симонов, реализацијата на овој проект претставува најголем проблем за месното население., над 90% од населението жестоко се противи на овој проект. Како што вели, доколку отпочне реализација на проектот, очекува протести и масовен граѓански отпор.