АктуелноЛокално

Крмов: Пратениците од ДПМНЕ исфрустрирани што не се во извршната власт континуирано демонстрираат насилство

  • Дел од вчерашното гостување на координаторот на пратеничката група на Левица, Борислав Крмов во однос на случувањата за време на претеничките прашања во Собранието:

„Мојата теза е дека дека ова не е случајно, ова е поврзано. Ние на 27 септември, кога се носеше Законот за царинска управа, имавме сличен инцидент. Тогаш пратеничка група на ДПМНЕ на чело со Дафина Стојаноска ни упатуваа пцовки и навреди од говорница, а Бојан Стојановски дофрлуваше навреди од место“ – потстети Крмов за комисиската седница на која што Левица со намера да блокира воведување на трет директор во Царина, држеше долги говори.

„Тоа беше прелудиум на ова што се случуваше тука. Да не глумите дека вие нешто сте надвор од таква матрица на однесување.

Јас мислам дека вашата пратеничка група всушност е исфрустрирана, затоа што воглавно извиси за извршна власт и сега таа фрустрација ја исфрла на Левица.

Вашите ‘тактитки’ се и еден начин на замолчување на опозицијата, за кога ДПМНЕ прави глупости, да не излезе опозицијата тоа јасно и гласно да го каже, затоа што ќе биде пцуена, затоа што ќе ја нападнат пратеници од ДПМНЕ со намера за тепачка. Но, како што кажавме – апсолутно не ви се плашиме“