(Видео) Јанчев: ДПМНЕ го одби амандманот на Левица за заштита од пожари
Говор на пратеникот од Левица, Сашко Јанчев, за поднесениот амандман кон Предлог-буџетот за 2025 година со кој Левица предвидуваше повеќе, соодветна, пренамена на средства за противпожарна заштита:
Секоја чест за хероите коишто се бореа со огнените стихии, но во ваква катастрофална ситуација со пожари, да не се предвидат повеќе средства за заштита од пожари не е показател на неодговорност, туку симптом на САМОУНИШТУВАЊЕ. Затоа предлагаме 200 милиони денари да се додадат во ставката за купување на опрема и машини и да се прераспределат на територијалните противпожарни единици.
Ситуацијата со шумските пожари во Македонија е алармантна! Секоја година, особено во летните периоди, Македонија се претвора буквално во ПЕКОЛ и просекот на изгорена површина во периодот од 2006 до 2023 година е околу 12.000 хектари, а тоа кулминираше во 2024. Само во 2024 година, во шумски пожари изгореа 90.000 хектари површина, што е околу 3,6% од цела територија на државата.”
Одбивањето на амандманот за заштита од пожари од страна на ДПМНЕ и коалицијата е чин на директна негрижа и нагон за доуништување на Македонија. Наместо да го остават политиканството настрана и да го приоретизираат животот, здравјето, безбедноста на граѓаните, како и нашата природа и територија – тие продолжуваат со својата деструктивна политика.