АктуелноЛокално

Заменик Генерален Секретар на НАТО – Личните амбиции на самонаречената елита

  • Став на Игор Димески – Координатор на Левица во Изборна единица 6

Личните амбиции на самонаречената елита, кои секташки напредуваат во нивниот наци-либералн свет, некој сака да ни го прикаже како успех на државата.

Не другари/ки!

Титулите кои ги стекнуваат со понизност и полтронство се обратно пропорционални од интересите на државата.

Во ова време да земеш висока позиција во воена организација како НАТО, која е катализатор на воениот конфликт во Украина, допонително пак со идењето на Трамп оваа организација ќе е пред колапс и расформирање е исто како некој во 1944 да се приклучел на четниците, наместо на партизаните.

Личните амбиции на западноелитистичките полтроните, во ваков историски момент, на трета светска војна, ја вовлекуваат Македонија во безизлезна ситуација во однос на позицијата на државата во нивиот светски поредок кој веќе е реалност.

Само замислете какви изјави ќе дава на прес конференции дотичната за да им се допадне на “газдите” кои и ја исполниле личната амбиција!?!

Ја доведоа Македонија, и сите нас во неа, во легитимна воена цел.

Е толку им е умот државнички!

Ама битно личното досие се полни со уште една, дебело платена, џаболебарска функција.

Партијата на која припаѓам е против членството на Македонија во НАТО, а исто така е против членство на државата во секаква милитаристичка организација која не е под команда на Обединетите Нации.

Спрема тоа, назначувањето на дотичната на висока позиција во НАТО јас го сметам за нејзина лична амбиција, но никако како желба на граѓаните на Македонија.

Македонија нема заменик генерален секретар на НАТО, туку НАТО има заменик генерален секретар со македонско државјанство, кој го ставил по сопствена желба, а не по барање на македонските граѓани!