Црвена младина: Совет за млади на Сиљановска е составен од активисти на УМС
Одлуката на претседателката Гордана Сиљановска Давкова да формира Совет за млади на прв поглед изгледа како позитивен чекор во решавањето на младинските проблеми. Но, вистината е поинаква. Овој Совет само уште еднаш покажува како УМС ги контролира сите тела што треба да ги застапуваат интересите на младите. Претседателката, која се претставува како надпартиски државник, од оваа позиција ги легитимира овие партиски узурпации, дозволувајќи политичките партии да ги користат младите како алатка за сопствени интереси, велат од Левица.
Именувањето на Лина Рангелова, активен член на УМС, за претседателка, фрла сомнеж дека овие тела не се формирани за да се решаваат вистинските проблеми на младите, туку за партиска узурпација, наведено е во партиското соопштение.
- „Наместо да се фокусира на реалните потреби на младите, Рангелова продолжува да делува во рамките на партиската матрица, каде членовите на УМС се претставуваат како единствени претставници на младите во земјата. Најиронично во целата ситуација е тоа што Лина Рангелова, која порано изјавуваше дека младите не гледаат перспектива, бидејќи политиката е навлезена во секоја сфера од општеството, сега ја потврдува точноста на овие зборови. Младите навистина немаат перспектива токму поради ваквите партиски игри.
Ако сакаме вистинска промена, мора да создадеме тела кои ќе бидат отворени и транспарентни, каде што сите млади, без разлика на политичка припадност, ќе можат да учествуваат и да влијаат на политиките што ги засегаат. Младите заслужуваат да бидат слушнати и да имаат влијание врз својата иднина, а не да бидат искористени за партиски цели“, тврдат од партијата.