“Изложба во КЦ Магаза „80 години- слободна Битола“
Денес 4ти ноември, со почеток во 12 часот во КЦ Магаза во Битола ќе биде презентирана изложбата „80 години- слободна Битола“. Автори на истата се Евгениј Литовски и Филип Талевски.
На денешен ден во 1944 година, борците на 49-тата дивизија на Народноослободителната војска и партизанските одреди на Македонија во чии состав биле и борците на Седмата битолска бригада, победоносно марширале низ Битола, откако го ослободиле градот од окупаторот. За време на Втората светска војна, околу 270 борци од Битола и Битолско ги положиле животите за слободата на градот и според востановената традиција, претпладнево на Партизанските гробишта ќе биде положено цвеќе.