Мојсоска: Што се случува со Детска клиника
Што се случува на Детската клиника? Зошто не е ставен во функција Ургентниот центар, поради што болницата е со лимитирани капацитети да ХОСПИТАЛИЗИРА деца! Ургентниот центар го затвори директорката од СДС – СТОЈКА ФУШИЌ, па оттогаш родителите ја полнат со пари Систина.
Новиот директор Реџеп МЕМЕТИ ниту има најава да го отвори Ургентниот центар, туку единствена “реформа” му е што го ухлеби за советник неговиот братучед, Аљајдин Мемети (кој беше претходно економски директор, па откако му ја укинаа функцијата, му измислија советничко место).
Таравари не гледа непотизам во случајот со братучедите Мемети, ниту пак гледа одговорност во директорот додека Детска клиника ја тресат скандали. Ноншалатноста и неодговорноста чини човечки животи!
,,Од струмичката болница, каде било родено бебето, велат не станува збор за предвреме родено бебе, туку родено било во 38 гестациска недела, со добар апгард и од болница било испуштено во добра здравствена состојба. Ова е втор случај на починато бебе во земјава во последниов еден месец.”
Изјавите на струмичката болница се контрадикторни со изјавите на директорот на Детска клиника. КОЈ ЛАЖЕ министре Таравари?