Апасиев до Мицкоски: Вие сте северномакедонски премиер – во 19 закони досега ставивте „Северна“
На Седницата за пратенички прашања, Претседателот на Левица – Димитар Апасиев констатираше дека владејачката коалиција и покрај тоа што нема обврска од т.н. Преспански договор, го брише секој писмен траг од името Македонија во законската регулатива и институциите. Пратеникот побара од премиерот да одговори зошто ВМРО-ДПМНЕ го брише името Македонија.
Еве ја листата на државни институции, којашто квислингот Никола Димитров ја донесе, каде што 136 институции се преименуваа во ‘северномакедонски’. Дали Преспанскиот договор ја забранува употребата на придавката ‘македонски’? – Затоа што вие продолживте онаму каде што СДС застана или заборавиле да ги променат законите. Патем речено, законите не се за надворешна, туку се за внатрешна употреба.
Еве ја листата, 19 се досега закони, што – вие како Влада предлагач, што – вашите пратеници тука, педантно и хирушки прецизно го менуваат зборот Република Македонија во ‘Северна Македонија’. Алибито ваше е дека тоа е од преспанскиот.
Прашањето е: Зошто продолжувате со оваа погубна политика на демакедонизација и педнатно бришење на секој траг од називите Република Македонија во законите кои се за внатрешна употреба?