Првиот вицепремиер Меџити го користи само албанскиот јазик на неговите официјални гласила
Првиот вицепремиер Меџити го користи само албанскиот јазик на неговите официјални гласила за информирање на јавноста како што можеме да видиме на негвиот Фејсбук профил.
На првиот вицепремиер Меџити не му е прв пат да ги прекршува законите за официјалниот јазик и знаме на Македонија.
Потсетуваме дека истиот редовно држи состаноци на ВРЕДИ во владиниот кабинет што алудира на паралелна Влада каде го истакнува албанското знаме, иако со закон не смее да истакнува знамиња на други држави освен ако не се работи за средба со официјални претставници на таа држава.
Првиот вицепремиер Меџити исто така на официјална посета на ООН во Њујорк која беше платена од државниот буџет се сликаше со албанското знаме и истата слика ја објави на неговите официјални профили на социјалните мрежи, со што предизвика низа реакции од луѓето кои гестот го протолкуваа како намерна провокација од негова страна.
До кога ќе владее ова самоволие од страна на првиот вицепремиер останува да видиме.
отсетуваме дека ЗНАМ се закани со излез од владата доколку продолжи оваа пракса на непочитување на законите за знаме и јазик, но на крајот истите не ја исполнија заканата туку се замолкнаа.
Што се однесува до ДПМНЕ од таму нема никаква реакција за ова самоволие на Меџити и ВРЕДИ, туку само молк.