АктуелноЛокално

Научен собир по повод 80 години од првиот број на „Нова Македонија“

Утре (29 октомври) во Горно Врановци, Општина Чашка ќе се одржи научен собир на тема „80 години од излегувањето на првиот број на весникот Нова Македонија“.

На собирот свои трудови ќе презентираат македонски историчари и долгогодишни новинари на теми од историјатот и содржините во нашиот новинарски печатен првенец. Покрај тоа ќе присуствуваат и маккедонски иселеници кои живеат и работат во Измир, Турција, а чие потекло е од Горно Врановци.

„Нова Македонија“ е првиот македонски дневен весник, основан со решение на Президиумот на АСНОМ. Првиот број е објавен на 29 октомври 1944 година во селото Горно Врановци, каде што денес се наоѓа првата печатница, претворена во музеј.

Организатори на собирот се Институтот за национална историја и Матица на иселениците од Македонија, а покровител е Општина Чашка.