Апасиев со сочуство до петте загинати велешки работници: Скапите кирии и патарини чинат човечки животи

Синоќа, враќајќи се од работа, загинаа пет велешки РАБОТНИЦИ на автопат!

Како човек кој пола живот го поминав патувајќи до и од работа во други градови (Скопје, Штип, Кочани и Струмица) – ќе ви кажам дека основната причина човек да не живее во местото каде што работи се скапите КИРИИ (на илјадници празни станови во главниот град, просечен работник треба да даде 300 еур за кирија, а не зема ни 500 еур плата)!?

Кога на ова ќе ги додадеш и најскапите ПАТАРИНИ во Европа, кои ги имаме на секои 20 километри, тоа економски ги приморува луѓето секојдневно да патуваат групно со небезбедни комбиња, диви таксисти, стари автобуси и сл.

Не е сега моментот да тупам, но има решение на овој хроничен проблем на РАБОТНИЧКАТА КЛАСА. Како законодавци мораме да размислиме законски да ги ограничиме висината на кириите + на патарините, оти човековото право на домување има приоритет пред правото на профит на рентиерите и урбаната мафија.

p.s. Искрено сочувство до семејствата на загинатите работници.

#КапитализмотУбива