Настани

Левица: Честит 11 Октомври – Борбата продолжува и 83 години потоа

На 11 октомври 1941 година, македонскиот народ се крена на вооружена борба до конечна победа против бугарскиот фашистички окупатор – 83 години потоа, борбата продолжува.

Денес по повод Денот на народното востание, 11 Октомври, делегација предводена од пратеничката и генерален секретар на Левица, Јована Мојсоска, заедно со Андреа Јанков и Тодор Кацаров, положи свежо цвеќе на Споменикот на ослободителите на Скопје на платото пред Владата на Република Македонија.

Делегација на Левица оддаде почит и на Партизанските гробишта – Бутел, а делегации на Црвена Младина положија цвеќе на Споменикот на ослободителите на Скопје на платото пред Владата на Република Македонија, како и пред Спомен – костурницата во Куманово.

Во текот на денешниот ден, делегации од Левица и од Црвена младина положија свежо цвеќе во Скопје, Прилеп, Куманово и во други македонски градови, во знак на сеќавање на жртвите од антифашистичката борба.

Честит 11 Октомври!

#СмртНаФашизмот

#СлободаНаНародот

#СФСН