Левица: Проширување на Президиумот со нов член

На денешната седница на Президиумот на Левица, како највисок политичко-егзекутивен орган на Партијата, донесена е одлука за проширување со кооптирање на нов член на Президиумот, и тоа:

м-р САШКО ЈАНЧЕВ, пратеник во Собранието на Република Македонија и досегашен координатор на Левица за четвртата изборна единица. Јанчев е долгогодишен активист и борец за социјална правда и заштита на животната средина, со особен ангажман во југоисточниот регион на државата, се вели во соопштението на партијата.