АктуелноЛокално

Левица: Скандал во Илинден – со донација во градинка до општествено одговорни компании

Градинката Гоце Делчев скандалозно излезе со фотографија како презема донација од компанија чија главна дејност се игрите на среќа (коцкањето) и една таква компанија пред дечињата ја презентираат како општествено одговорна компанија.

За жал, според нас како политичка партија, ваквите компании не може да се сметаат за општествено одговорни бидејќи во нашето општество со ограничени месечни примања многу наши сограѓани дошле до дното од нивната егзистенција токму како резултат на игрите на среќа што ваквите компании ги приредуваат.

Се разбира, потегот што се донирале ТВ уреди е за поздравување, но презентацијата на вакви компании пред децата, на нивна најмлада возраст, како општествено одговорни компании е сосема погрешно и надвор од здрав разум бидејќи со ова дечињата веќе уште од нивната најмлада возраст се поведуваат на погрешен пат.

Факт е дека во Општина Илинден веќе има повеќе кладилници од супер маркети, нешто што навистина загрижува, а локалните власти наместо да ја креваат свеста кај најмладата популација од опасноста од ваквите компании што приредуваат игри на среќа во кои добро се знае кој ќе биде добитникот, тие ваквите компании ги сметаат за општествено одговорни, како да поволно придонесуваат за функционирањето на нашето општество,што е надвор од здрав разум, се вели во соопштението на партијата.