АктуелноНастани

Средба на пратениците од Левица Димитар Апасиев и Реџеп Исмаил – Хактан со амбасадорот на Русија Н.Е. Сергеј Баздникин во Собранието на Македонија

Денес, 04 октомври 2024 година (петок), со почеток во 13:00 часот, во репрезентативната „Струшка сала“ на Собранието на РМ – пратениците на Левица проф. д-р Димитар Апасиев и Реџеп Исмаил – Хактан остварија средба со рускиот амбасадор во Република Македонија – Н.Е. Сергеј Баздникин.

На оваа официјална средба беше разговарано за актуелните домашни и меѓународни теми, со посебен осврт на мултиполарниот свет. Акцент беше ставен на актуелните безбедносни предизвици на светската политичка сцена, но и на состојбата во регионот.

Од страна на нашите пратеници беше истакнато дека Левица се залага за отворена соработка со сите големи сили и членки на Советот за безбедност, вклучувајќи ја и Русија. Цениме дека развојот на односите со Русија се од круциално значење за Македонија, а оваа земја претставува огромна можност за економска, трговска но и културна размена.

Македонскиот народ во огромен дел не се согласува со владината политика на санкции кон оваа земја. Оттука, од наша страна беше истакнато дека санкциите, под притисок на ЕУ и НАТО воведени од претходната Влада, кои продолжуваат да дејствуваат во засилено темпо и при актуелната власт, се неоправдани и во спротивност од интерестите на двете земји.

Средбата помина во срдечна и пријателска атмосфера, со надеж за продлабочена идна соработка меѓу двата народа.