Левица од Ѓорче Петров одбележа 80 години од Победата над фашизмот

По повод 80-годишнината од победата над фашизмот, делегација на Левица од општина Ѓорче Петров, предводена од советничката Дарја Мустафаоглу, денес положи свежо цвеќе пред спомен-плочата на борците од Народноослободителната борба во реонскиот парк во Ѓорче Петров.

Во своето соопштение, од локалниот огранок на партијата порачаа дека овие спомен-обележја не се само историја, туку силен потсетник на времето кога македонскиот народ, без двоумење, застанал на страната на правдата и слободата, спротивставувајќи се на фашистичките сили на Хитлеровата коалиција.

„За жал, денес тие примери на отпор и достоинство се игнорираат и потценуваат од страна на политичките елити, кои со своите политики нè туркаат на погрешната страна на историјата,“ се вели во соопштението.

Левица посочува дека иако нивниот современ отпор не носи униформа, тој го носи товарот на историската обврска – да се брани слободата, да се обезбеди правда и да се зачува човечкото достоинство.

Упатена беше остра критика „сегашната елита што го брише минатото“, и предупредија на улогата на капиталот во обликувањето на иднината. „Левица го чува пламенот на антифашизмот како најсилен доказ дека Македонија е родена во отпор“, стои во пораката на огранокот.

Пораката заврши со повик за почит кон паднатите борци и потсетување на историското мото: „Смрт на фашизмот – слобода на народот!“

Целото соопштение во продолжение:

Може да ве интересира