АктуелноЛокално

Јавниот долг порасна на над 66 отсто – секој граѓанин е задолжен 7000 евра

Продлабочувањето на јавниот долг до крајот на годинава на ниво од над 66 отсто од Бруто домашниот производ ја втурнува земјава во таканаречената „црвена зона“ од каде е доста проблематично да се излезе.

Поранешниот потпретседател на парламентот и економист Слободан Најдовски за Телевизија 24 вели дека ниту една влада до сега не го испочитувала ниту реализирала планот кој стои во Фискалните стратегии кои се носеле низ годините. Уште попроблематично е сега, бидејќи буџетскиот дефицит ќе се зголемува, а парите кои ќе се трошат од најновото задолжување од Унгарија ќе биде без посебен критериум. 

„Очигледно е дека во прв план е задолжувањето на Македонија во наредниот период кое што може да биде не само  проблематично, туку ние сме длабоко веќе навлезаени во една  црвена зона која што покажува дека владата има намера уште повеќе да го зголемува долгот. За заемот, се работи за прилично висока сума, карактеристичен е по тоа што нема никави  ограничувачки фактори и детерминанти за негово користење.“ – Слободан Најдовски.

Со моменталната стапка на јавен долг која е нешто над 62 отсто од Бруто домашниот производ, или во апсолоутни бројки од околу осум милијарди евра, а БДПто на земјава изнесува 13 милијарди евра, математиката вели дека секој жител на Македонјија е задолжен за околу седум илјади евра. 

Веста е превземена од 24.mk