Актуелно

Мојсоска: Додека Грција ги крши правата на Македонците – ДПМНЕ и ЗНАМ ја бетонираат Северна

Говор на пратеникот од Левица, Јована Мојсоска, која побара да се тргнат од дневен ред Предлог-законите со коишто името „Република Македонија“ се заменува со „Република Северна Македонија“:

„Апелациониот суд во Грција пред еден месец донесе одлука дека во Грција не постои население кое зборува македонски јазик и дека не постои население со чиста македонска национална свест.

За жал, од премиерот Мицковски на ваквиот отворен, негаторски и шовинистички чин од страна на Република Грција добивме изјава дека тоа е само „обична провокација“ и дека нема да биде впуштен во политичка расправа. Ова не е провокација – ова е флагрантно кршење на правата на Македонците во Грција. Ова е продолжение на политиките на грчката хунта и политиките на негирање на Македонците во Егејска Македонија.

Оние Македонци од кои се откажа Заев, кого го обвинувавте дека се откажал од Македонците во Грција, сега вие, со овие измени, продолжувате од таму. За жал, и колегите од ВМРО-ДПМНЕ и колегите од ЗНАМ покажаа како добро ги „полираат“ овие проблеми.“

Предлогот на Левица и овој пат беше отфрлен од страна на мнозинството, односно ДПМНЕ и ЗНАМ, продолжувајќи ја праксата на СДС, ја избришаа „Република Македонија“ од уште пет закони, се вели во соопштението на партијата.