Левица: Бобан Стефковски од дилер до градоначалник на Гази Баба

Во неколку наврати до сега, актуелниот градоначалник на општина Гази Баба, Бобан Стефковски, го има покажано својот претприемачки дух. Сега за него тоа се тендерите и ДУП – овите, но во минатото, во неговите тинејџерски години тој се има испробано и во други бранши.

Според документот кој излезе во јавноста, сегашниот градоначалник се има испробано и како дилер. Имено, во 2002 година, тој бил осуден за неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори по член 215 став 1 од КЗ. Во обвинението е опишано дека Бобан, заедно со уште еден, му продале марихуана со вкупна тежина од 15 грама на Д. Х. за надомест од 600 денари. Тоа било само дел од целата количина која ја поседуваат. Тие во напуштен објект близу фабриката “11 октомври”, имале на располагање уште 630 грама, која претходно ја имале набавено од НН лице.

Ова се кадрите на ДПМНЕ, кои очигледно за да стигнат на некоја позиција, од голема важност е да се со некакво искуство од претходно. Истите кои до вчера се расфрлаа со навреди и клевети, во кои користеа зборови за кои мислевме дека не ни знаат што значат, да ти биле со искуство. Иронично нели, се вели во соопштението на партијата.