Црвена Младина се сретнаа со претставници од iBRICS+
Соопштение на Црвена Младина – официјален подмладок на политичката партија Левица
Во рамките на Форумот „Евроазија Глобал“, којшто се одржа во Оренбург, членот на Црвена Младина – Гаврил Трајковски оствари средба со Даглас Фереира, вице – Претседател на iBRICS+.
На средбата беа дискутирани младинските политики кои го води БРИКС како организација, а се разговараше и за потенцијална соработка помеѓу младински организации од Македонија и организации од земјите од iBRICS+.
Претставникот на Црвена Младина на Форумот на „Евроазија Глобал“ сподели информации за активизмот на Црвена Младина, за вредностите кои ги негуваме, како и за нашите цели и заложби за младите во Македонија.
Од наша страна беше истакнато дека принципите на солидарност, социјална правда и почит се основа во градење пријателски мостови со младите од другите држави.
#ЦрвенаМладина во иднина ќе продолжи со соработка и ќе биде вклучена во организацијата на меѓународните младински настани, организирани од страна на iBRICS+.