АктуелноЛокално

РИА Новости: Главната тајна на Александар Македонски

Влијателниот руски медиум РИА Новости објави статија за Александар Македонски под наслов „Дури и неговите луѓе не знаеја“. Главната тајна на Александар Македонски (“Не знал даже его народ”. Главная тайна Александра Македонского) во која се збори за гробот на еден од најголемите освојувачи.

„До 30-годишна возраст, тој беше владетел на половина свет. Неговата империја се протегала од Балканот далеку кон исток и завршувала во денешно Пакистан . По уште една исцрпувачка кампања во Индија, армијата се побуни.“

Понатаму се вели:

„Исцрпените воини и нивниот водач се вратиле во Вавилон. Александар долго време сакаше да го пресели главниот град овде. Но, се покажа дека античкиот град на свештениците и астролозите стана неговото последно засолниште.

Таа ноќ Македонецот се гостеше и пиеше без мерка. Откако во една голтка испи огромна чаша вино, тој одеднаш започна да вреска и падна. Агонијата траеше неколку дена. Царот бил во болка и побарал дури и меч за да ги спречи страдањата. Потоа почнаа треска, жед и халуцинации. Набргу Александар веќе не можеше да зборува, само хаотично ги мрдаше рацете. И речиси две недели подоцна – на 11 јуни 323 година п.н.е. – умре.“

Понатаму во статијата се зборува за можната локација на вечното почивалиште на Александар Македонски. Една од теоријата била дека неговото тело било балсамирано според египетсктие обреди, ставено во скап саркофаг со намера да се пренесе во неговото место на раѓање. Но попатно саркофагот бил одземен од луѓето на Птоломеј. Потоа се наведува дека телото било однесено во Египет, најпрво се чувал во Мемфис, а потоа во Александрија.

„Ниту неговиот народ не го знае неговиот гроб“ подоцна ќе напише Јован Златоуст при посетата на Александрија во 400 година од нашата ера.

Според третата верзија која ја има поставено Амброаз Скилицис, преведувач во рускиот конзулат во Каиро, е дека останките од Александар Македонски се наоѓаат во стаклен ковчег со златна дијадема во подрумот на џамијата Ел-Наби.

Она што е забележително е дека во целиот текст ниту еднаш не се споменува зборот „Грција“.

Целосната статија можете да ја прочитате ТУКА.