Бесплатна проекција на филмот „Македонски дел од пеколот“ во КИЦ по повод празникот 11-ти Октомври
Во чест на празникот 11 Октомври – Денот на народното востание, Црвена Младина со задоволство Ве поканува на проекцијата на филмот „Македонски дел од пеколот“, која ќе се одржи во петок, на 11 октомври, со почеток во 20:00 часот.
Придружете ни се да го одбележиме овој значаен ден преку филмско патување низ страдањата и борбите на македонскиот народ за слобода.
Проекцијата ќе се одржи во Културно информативниот центар – Скопје.