АктуелноЛокално

Културно информативен центар – Скопје го најавува „Звукот на Скопје“

Носечката манифестација на Културно информативниот центар – Скопје „Звукот на Скопје“, оваа година повторно ќе се случи во формат на  фестивал на отворено на кој ќе настапат свежи и актуелни музички имиња. Програмата ќе биде збогатена со изложби и проекции на филмови, како дел од програмските активности на центарот.

„Звукот на Скопје“ е и простор каде на голема сцена ќе може да се видат и етаблирани, но и нови групи, а значи и промовирање на нови концертни локации во градот, оживувајќи ги во културен контекст.

„Звукот на Скопје“ ќе се случи на 27 септември (петок), и тоа во Кулпарк (пред КИЦ), Салон 19:19 и галериите.

Во рамките на музичката програма ќе настапи овогодинешната победничка на „UpBeat – Best new talent award“ Зарина Првасевда и world music проектот Калевала (Dies Bona). Визуелниот дел од програмата се состои од три изложби низ галериите на КИЦ и проекција на филмови.

„Веќе знаете дека ‘Звукот на Скопје’ значи нов, летен, open air фестивал, кој прераснува во ново скопско музичко жариште. Значи и свеж здив во долгото скопско лето и заситување на културните потреби на скопската сцена, со современи музички збиднувања и разновидна културна понуда. ‘Звукот на Скопје’ е и простор каде на голема сцена ќе може да се видат и етаблирани, но и нови групи, а значи и промовирање на нови концертни локации во градот, оживувајќи ги во културен контекст“, додаваат организаторите на фестивалот.