(Видео) Остри критики за Аналена Бербок во германскиот Бундестаг: ја нарекоа Марија Антоанета на германската надворешна политика
Германската министерка за надворешни работи Аналена Бербок жестоко беше критикувана во германскиот Бундестаг (парламент) од страна на пратениците за нејзината надворешна политика и беше споредена со Марија Антоанета во однос на надворешната политика што ја води земјата првенствено кон Кина, Индија и Русија, која според пратеничката е опасно наивна.
Пратеничката исто така ја критикуваше неусогласеноста на политиката на Канцеларот Шолц со политиката на германското МНР под водство на Бербок, бидејќи Шолц се изјаснил дека е за преговори помеѓу Русија и Украина со цел окончување на војната, додека германското МНР е на ставот дека војната треба да продолжи сосе испораката на оружје за Украина.
Пратеничката исто така ја критикуваше Бербок поради изјави во однос на Кина и Индија која ги нарекла непријателски земји кои се опасност за Германија без да знае, како што вели пратеничката, за бомбите и ракетите кои САД ги имаат стационирано во Германија.
Бербок беше критикувана и за уништувањето на нуклеарните централи во Германија под плаштот на зелената политика која ја претставува со својата партија на Зелените, без разлика што мнозинството Германци се противат на таа идеа.
На крајот политиката на Бербок беше критикувана и во однос на израелско-палестинскиот конфликт за поддршката на екстремно десничарската влада на Нетанјаху, додека истата врши геноцид врз Палестинците во Газа со над 40 000 цивилни жртви од кои повеќето жени и деца, со што докажала дека нејзината надворешна политика базирана врз правила е впрочем политика на „крвава фарса“, изјави пратеничката.
The Germans are waking up the the insanity of Annalena Baerbock – the Marie Antoinette of German foreign policy pic.twitter.com/MhHSt7nzGf
— Glenn Diesen (@Glenn_Diesen) September 16, 2024