Актуелно

(Видео) Како Мицкоски манипулира со животите и фамилиите на Уставобранилите, додека ги тера да му прават кампања од затвор

На вчерашната емисија „Претрес“ кај Ландов, премиерот Мицкоски повторно излажа дека никогаш не спомнал никаде јавно дека ќе ги ослободи Уставобранителите од затвор кога ќе дојде на власт, иако целата изборна кампања му се засноваше на тоа ветување дека уште од прв ден кога ВМРО-ДПМНЕ ќе дојде на власт тие луѓе ќе ја видат конечно правдата.

На социјалните мрежи луѓето ја проникнаа неговата лага и манипулација, па го потсетија со видео од предизборен митинг на неговата партија.

Ова е едно од многуте лаги кои Мицкоски ги вети во кампањата само за да се добере до премиерската фотења. За сега откако се устоличи на власт да глуми дека никогаш вакво нешто не ветил на луѓето, кои лежат скоро деценија во затворите за 27ми април во обид да ја спасат неговата партија од паѓање од власт.