Актуелно

Мојсоска: Да му помогнеме на Тошкоски да ги лоцира незаконски узурпираните имоти во Охрид од Нефи Усеини

Штом се решил Панче Тошковски да апси, да му помогнеме да ги лоцира следниве незаконски узурпирани имоти во Охрид: пицеријата на Нефи Усеини кај чинарот, џамијата на Нефи Усеини во центарот, дивоградбата на Нефи Усеини на местото на културен објект (каде е рушена антифашистичка спомен плоча), напиша пратеничката од Левица, Јована Мојсоска.

„Полицијата кај црквата во Гостиварско постапувала по пријава на инспектор за незаконски градежни работи. Да го информираме Панче Тошковски дека за дивоградбата на Нефи Усеини во Охрид има РЕШЕНИЕ за уривање од страна на инспектор. Навидум исти ситуации (ама не толку исти). За кабинетот на Тошковски што го плаќаме 15.000 евра месечно, еве му шанса да расчисти со дивеењето на еден шериф на ДУИ кој го узурпира еден град. Ако законите важат подеднакво за Македонците и за шерифите од ДУИ“, вели Мојсоска.