Актуелно

Мојсоска: Клиниката за детски болести е узурпирана од кланот Мемеди

Во вчерашната реакција, Левица соопшти за Алајдин Мемеди (братучед на неформално назначениот нов медицински директор, д-р Реџеп Мемеди), кој со консултантски договор, е ,,легално” ангажиран да управува со Клиниката за детски болести.

Генералниот секретар на Левица и народен пратеник – Јована Мојсоска, во изјава за „Телевизија 24“, потенцираше дека преку новата Влада кланот Мемеди има изнајдено начин за да го заобиколи законот и двајцата братучеди да продолжат да „управуваат“ со Клиниката за детски болести:

„Оваа клиника повторно е узурпирана од кланот Мемеди! Односно, се работи за двајца братучеди, моментално за директор назначен е Реџеп Мемеди, додека, како консултант е ангажиран неговиот братучед Алајдин Мемеди“ – изјави Мојсоска.

Пратеничката потсети дека поранешниот пратеник на Алтернатива, кој стапи во коалицијата ВРЕДИ, како член на Демократско движење, Реџеп Мемеди е назначен за медицински директор и го ангажирал поранешниот економски директор како консултант во клиниката од која е тужен поради исплаќање плата со повисок коефициент на самиот себе, а беше откриен од Фондот за здравствено осигурување и ДЗР во 2022 година и суспендиран поради ова дело.

„Она што е скандалозно е што во минатото токму Алајдин Мемеди беше ангажиран како економски директор на оваа клиника и поради малверзации, тој беше разрешен уште во времето на СДС и ДУИ“ – додаде пратеничката.

Левица настојува ДЗР и ДКСК итно да ја проверат работата на клиниките и да ги утврдат дали постојат овие злоупотреби за кои во јавноста предочуваат вработените, гласи соопштението на партијата.