„ДромФест“ – КултурДром во вашиот дом

На 16, 17 и 18 декември во Општина Аеродром ќе одржи „ДромФест“ – КултурДром во вашиот дом. Настанот ќе биде на платото зад Капитол Мол, во Капитол Мол и ТЦ Бисер.

За првпат во Општина Аеродром се оддржува културно уметничка манифестација која во себе содржи: Музика, Театар, Улични Артисти, Поезија, базар на ракотворби, со единствена цел збогатување на културно уметничкиот живот на жителите на Аеродром и сите останати посетители.

Зошто ДромФест? 

Затоа што заедница без уметност и култура е мртва заедница

Затоа што уметноста и вдахнува живот на заедницата

Затоа што уметноста е потребна секому, а достапна е само некому

Затоа што најголемата скопска општина скоро и да нема манифеатации од културата

Затоа што Аеродром има најголем број музичари, актери, уметници, поети, писатели, ракотворци…

Затоа што нема простор, сцена, локација, објект за културни настани

Најпосле

За да покажеме дека на Аеродром му е потребен ДОМ НА КУЛТУРА

Дом на сите уметници и творци – Дом на културата за сите Аеродромци

ДромФест – музички фестивал 

16 декември, од 17:00 до 24:00 часот, Плато позади Капитол Мол

Настапуваат:

Ласт Експедишн, Лоши Деца, Лара Иванова, No Name Nation, Пајак, Cruel, Sol Nocivo, Коноп бенд и Ди Џеј Жолти Ман

ДромФест – Базар на ракотворби 

17 и 18 декември, од 10:00 до 20:00 часот во ТЦ Бисер

На базарот на ракотворби ќе бидат изложени ракотворби (филигран, слики од срма, врамени везови со македонски фолклор, рачно работени кукли, рачно работен накит, плетени додатоци за облека, новогодишни рачно работени украси….) од членките на Здружение домаќинки на Македонија.

ДромФест – детска програма 

17 декември, од 12:00 до 14:00 часот, во Капитол Мол, на приземје и втори кат

Пантомима шоу со единствениот Кирил Трајковски Максим

Интерактивна претстава за деца со многу забава, хумор и едукативна програма преку техники на пантомимата.

Претстава со жонглери и акробати од Фазбабл

ДромФест – Театар 

17 декември, од 20:00 часот во Капитол мол, на трети кат, ќе се одржи театарска претстава „Пациенти“ на театар Провокација.

НЕ ЈА ПРОПУШТАЈТЕ УРНЕБЕСНАТА КОМЕДИЈА – ПАЦИЕНТИ!!!!!

Режија: Ѓорѓи Ризески

Играат: Роберт Ристов, Мирјана Ристов и Радо Алексовски

ДромФест – СтихоДром 

18 декември, од 18:00 часот во Капитол мол, на втори кат, ќе се одржи поетското читање

„СТИХОДРОМ: врзете се поетуваме!“ што „Скопскиот поетски фестивал“ го организира во соработка со „Дром Фест ‒ КултурДром во вашиот дом“, на кој ќе настапат дванаесет поети од Општина Аеродром поддржани со диџеј сет на Кристијан Јордановски.

Посетителите ќе имаат можност да слушнат поезија од: Андреј Ал-Асади, Иван Антоновски, Јулијана Величковска, Диме Данов, Искра Донева, Светла Јакшиќ, Живко Новески, Лилјана Пандева, Димитар Пандев, Дијана Петкова, Глигор Стојковски и Виолета Танчева-Златева.

ДромФест – школа за гитара Бојкоски 

18 декември, од 16:00 до 17:30 часот во Капитол мол, на втори кат

Малите виртуози, од Школа за гитара Бојкоски, ќе приредат незаборавно музичко патување низ класиката, џезот, забавната, рок и народна музика.

Ристе Бојкоски e македонски уметник, виртуозен гитарист и професор во „Школо за гитара Бојкоски“.