АктуелноЛокално

Левица-Центар: Пластикоматите во Општина Центар се нефункционални

  • Реакција на Левица-Центар

Пред повеќе од четири години ЈП ПОЦ и Општина Центар ја започнаа својата можеби најуспешна ПР кампања досега наречена „И отпадот има вредност!“ со што пуштени во употреба беа повратни вендинг машини за рециклирање на пластични шишиња и лименки, односно т.н „Пластикомати“, која наводно имаше за цел да ја трансформира општина Центар во еколошки модерна Општина и да го олесни буџетот на граѓаните.

Главниот проблем со оваа кампања е тоа што не е економски исплатлива за граѓаните, односно за секое рециклирано пластично шише или лименка од 0,25 до 0,75 литри жителите ќе добиваат 0,5 денари, за шише од 1 до 1,75 литри добиваат 1 денар, а за шише од 2 до 2,25 литри, 1,5 денари, додека пак за да набават картичка да можат да рециклираат треба да платат околу 400 денари.

Со други зборови, граѓаните треба да рециклираат околу 300+ шишиња или лименки само за да ги вратат вложените економски средства, а добиените пари ги добиваат како субвенции од Општина Центар на нивната ,,Green Pay” платежна картичка која единствено можат да ја искористат во одредени услужни локали.

Покрај овие економски нелогичности, дел од граѓаните кои ги користат пластикоматите, поради високо развиената еколошка свест се пожалија во ЛО Центар при политичката партија Левица дека истите воопшто не се одржувани, односно откако ќе се преполнат долго време е потребно отпадот да се пренесе до предвиденото место за нивно рециклирање.

Иако Пластикоматите претставуваат добра идеа, нивната имплементација е катастрофална, на граѓаните не им е олеснет буџетот а општината е повалкана од било кога. Развивањето на еколошка свест кај граѓаните е невозможно без воздигнување на нивниот економски стандард, бидејќи материјалните услови ја креираат општествената, а со тоа и еколошката свест.