Левица-Куманово започна со креирање на предизборна програма за наредни локални избори

  • Соопштение на Левица-Куманово

Куманово е град кој инфраструктурно и комунално од ден на ден има повеќе проблеми.

Активистите на Левица заедно со жителите на Куманово започнаа систематизирано да ги анализираат комуналните проблеми во градот и да изнаоѓаат решенија кои ќе бидат нотирани во предизборна програма за наредни локални избори.

Во наредни месеци Левица ќе ги посети сите населени места во општина Куманово и ќе ги сублимира сите предлози на граѓаните за изнаоѓање на современи решенија на инфраструктурни проблеми.

Понудени решенија ќе бидат на реална основа и истите ќе можат да се реализираат во временски период од 4 години.

Левица ги повикува кумановчани активно да се вклучат во креирање на нова изборна програма.