Белата куќа му порача на Путин „да заќути“ откако рускиот претседател ја поддржа Харис за претседател
„Путин треба да престане да зборува за нашите избори и точка. Тој не треба да фаворизира никого на овој или оној начин“, вели официјалниот претставник од Белета Куќа.
Белата куќа отворено му порача на рускиот претседател Владимир Путин во четвртокот да „престане“ да зборува за претстојните претседателски избори во САД, неколку часа откако тој рече дека ја поддржува потпретседателката Камала Харис.
„Путин треба да престане да зборува за нашите избори и точка. Тој не треба да фаворизира никого на овој или оној начин“, им рече на новинарите портпаролот на Советот за национална безбедност Џон Кирби.
„Единствените луѓе кои треба да одредат кој е следниот претседател на Соединетите Држави, е американскиот народ и ние многу би го ценеле ако г. Путин А: престане да зборува за нашите избори и Б: престане да се меша во него. “, додаде тој.
Говорејќи на економски форум во Русија, Путин, наводно, со насмевка рекол: „Реков дека наш „омилен“, ако можам да кажам така, беше актуелниот претседател г-дин Бајден. Тој беше отстранет од трката, но тој препорача сите неговите поддржувачи ја поддржуваат г-ѓа Харис. Така и ние ќе го сториме истото и ќе ја поддржиме.
Очигледното одобрување на Путин за Харис дојде неколку часа откако Министерството за правда објави обвиненија во средата против руските државјани Костијантин Калашников (31) и Елена Афанасјева (27) за заговор за кршење на Законот за регистрација на странски агенти (FARA) и заговор за извршување на перење пари.
Американските разузнавачки агенции предупредија дека на неколку неодамнешни претседателски и конгресни избори, Русија се обидува да влијае на нивниот исход.