АктуелноЛокално

Левица: Заробен систем – Гаши над Уставот благодарение на ДПМНЕ и ЗНАМ

Соопштение на Политичката Партија Левица во врска со интерпелацијата за Африм Гаши:

Политичарите од елитата се над законите, а оние од партиите на албанското малцинство и над Уставот! Ова е заробен систем без трага на владеење на правото. Покрај прекршувањето на највисокиот правен акт, Деловникот на Собранието и низата други настани со политички и кривични импликации – мнозинството ДПМНЕ-ЗНАМ-ВРЕДИ со ДУИ го издигнаа спикерот Гаши над правниот поредок.

Овој бесрамен чин на антидржавно и антидемократско однесување мнозинството го надополни со примитивни, фашизоидни и манипулативни напади полни со омраза и етикетирање наместо да се осврнат на интерпелацијата. Фашизоидноста на ВРЕДИ, со поддршката која ја добиваат од 64 пратеници на ДПМНЕ и ЗНАМ ја загрозува хармонијата и сигурноста во општеството.

Изразениот антимакедонизам и шовинизам кон сите различни етнички групи во Република Македонија, како и елитизмот заедно со неказнивоста преку Гаши и ВРЕДИ ни покажаа дека оваа Влада нема ниту една одлука да донесе за зајакнување на државните позиции и во корист на националните интереси.