Исмаил: Ако дојде Вулин, дали Гаши ќе го прати обезбедувањето?

Пратеникот Реџеп Исмаил од Левица денеска во Собранието, праша дали спикерот Африм Гаши како што постапил со косовската претседателка Вјоса Османи на аеродромот, дали ќе испрати обезбедување ако утре дојде и српскиот политичар Александар Вулин. 

„Вие можете да бидете србофоби до бескрај, ама ако некој ви се спротивстави, обвинувате за албанофобија“, вели пратеникот. 

Тој кажа дека има пратеници кои се залагаат за напуштање на Отворен Балкан, само затоа што таму е Србија, но не и Косово. Исмаил рече дека Русија не е исламофобична земја, за разлика од земјите членки на НАТО. 

Левица покрена интерпелација за Гаши поради повеќе забелешки за неговото работење.