Лавров: Западот докажа дека Украина му треба само за да ја „повреди Русија“

  • Секвенци од интервју со Министерот за надворешни работи на Руската Федерација – Сергеј Лавров за документарниот филм „Мостови кон Исток“:

„Што се однесува до тоа која била целта на оние кои ја организирале провокацијата в„ Курската област <…>

Многу е тешко да се процени каква цел и план си поставиле. Но, сега политиколози разговараат за ова. Па дури и Владимир Зеленски рече (некогаш дава фројдовски признанија) дека тоа ќе им треба за размени во иднина. Затоа, вели, ќе зема затвореници и ќе сака да фати квадратни километри. Тоа е толку простодушно и наивно.

Со никого не разговараме за нашата територија. Ние не преговараме за нашата територија. Подготвени сме да разговараме за сузбивање на криминалните дејствија преземени од режимот во Киев по државниот удар. <…>

Секој пат Украинците ја докажуваа својата целосна неспособност да преговараат. Западот докажа дека Украина му треба само за да ја „повреди Русија“, да ја иритира и да се бори против нашата земја. Западните земји немаат потреба од сите овие договори. Секој пат кога договорените документи беа саботирани, Украина губеше се повеќе и повеќе.

Претседателот на Русија Владимир Путин пред година и пол се осврна на темата за можни преговори. Тој рече дека не сме против тоа. Тоа беше многу одамна. Шест месеци по почетокот на специјалната воена операција Претседателот на Русија изјави дека не сме против преговори. Оние кои се против мора да разберат дека колку подолго одложуваат, толку потешко ќе биде да се преговара. Во Истанбул неполн месец по почетокот на нашата специјална воена операција, беше многу лесно да се постигне договор. Украина не го сакаше тоа, бидејќи не ја постигна целосно својата цел постојано да ја „истроши“ Русија. <…>

Сега не се зборува за преговори. Веќе сме уморни да повторуваме дека Претседателот на Русија зборуваше за ова повеќепати. Оние кои даваат изјави навестувајќи дека Русија ги „оттурнува“ преговорите, а Украина е подготвена за нив, Владимир Путин веќе многупати ги советуваше самите да му кажат на Владимир Зеленски (кога е во здрав ум) да го откаже указот за забрана на преговорите.“