АктуелноЛокално

НР Кина донираше „паметни” табли за кавадаречките училишта

  • НР Кина донираше „паметни” табли за кавадаречките основни училишта, во работна посета на Кавадарци денеска беше Ксу Леи – вршител на должности од Амбасадата на Народна Република Кина во Скопје.
Во изјава за медиумите, Ксу Леи рече дека задоволство е да се биде денеска во градот познат по винарството и големата репутација како носител на винскиот регион.

– Кавадарци има добар квалитет на вина, познати во Кина, истакна тој.

Осврнувајќи се на таблите финансирани од Амбасадата, тој нагласи дека кога едукацијата просперира, тогаш нацијата се издигнува.

– Длабоко сум почестен што Кинеската амбасада може да придонесе, кон развојот на образованието во општината Кавадарци, подвлече Ксу Леи, коj присуствуваше и на училишна приредба изведена од ученици, во основното општинско училиште ,,Димката Ангелов Габерот’’.