Изложба на слики од Ѓорги Динев во Културно информативен центар Скопје

На 3 септември (вторник) ,со почеток од 20 часот во Културно-информативен центар – Скопје, Салон Империјал 1 ќе биде отворена самостојната изложба на слики од Ѓорги Динев

Ѓорги Динев е роден на 27.02.1994 во Струмица. Завршил средно уметничко училиште во Скопје во ДСУЛУД “Лазар Личеноски”, насока графика. Дипломирал на факултетот за ликовни уметности во Скопје во 2019 година насока графика под менторство на проф. м-р Мирко Вујисиќ, а моментално е во тек со магистерски студии. Во 2020 станува член на Друштвото на ликовни уметници на Македонија. Има реализирано две самостојни изложби, во 2019г. во Скопје во Младински културен центар, и во 2021г. во Струмица, и учествува на повеќе групни како “Меѓународно графичко триенале” – Битола, 2023г., “Меѓународно биенале на графиката” – Варна, Бугарија, 2023г., “ДЛУМ Цртеж – експериментален цртеж” – Скопје, 2023г., “ДЛУМ Годишна изложба” – Скопје, 2022 , каде ја добива наградата за сликарство, “Меѓународно графичко биенале “Сува игла” – Ужице, Србија, 2023, каде ја добива наградата “Похвала бијенала”, и други.

Изложбата ќе биде отворена до 14.09.2024 година.