АктуелноЛокално

Левица: ДПМНЕ повторно против набавката на нови автобуси за Скопје

  • Реакција на Политичката партија Левица

Уште еднаш, во Советот на Град Скопје, советниците на ДПМНЕ го попречија напредокот на градот и покажаа целосно отсуство на грижа за граѓаните. И покрај тоа што во повеќе наврати беше предложена и потоа и поддржана од страна на Левица одлуката за набавка на нови еко-автобуси, која е од критично значење за подобрување на јавниот превоз и заштитата на животната средина, таа веќе две години не може да се реализира поради блокадите на ДПМНЕ.

Со нивната победа на локалните избори, тие го започнаа овој период на невидена стагнација и мизерија, а вчера, уште еднаш, го открија своето саботерско и деструктивно лице. Наместо да работат во интерес на граѓаните и да го поддржат развојот на градот, тие избираат да го попречуваат секој чекор кон напредок.

Нивниот лидер ги уверува граѓаните дека ќе ја одблокира работата на градот и Советот, но реалноста е сосема поинаква. Со ваквото однесување, граѓаните повторно се оставени на цедило, без надеж за подобрување на квалитетот на живот во градот. Очигледно е дека ДПМНЕ не е заинтересирана за напредок или благосостојба на луѓето, туку напротив, сака да гледа запалени автобуси низ улиците на градот и луѓе кои се соочуваат со секојдневни потешкотии.

Бесцелно е да се повикува на совеста на советниците од ДПМНЕ за да се преземе одговорност и конечно да се стави крај на оваа деструкција, со што ќе се обезбеди новиот и современ јавен превоз кој граѓаните го заслужуваат – тие тоа нема да го направат. Сега е времето на ДПМНЕ – на манипулации и блокади, наместо вистинска работа во интерес на сите скопјани.