Кој сѐ ја плаќа цената од долгогодишниот недостаток на противпожарна опрема и обука во Македонија?

Антропол: Можете ли да ни опишете како изгледа еден ден на терен за вас и вашите колеги? Со какви предизвици се соочувате при гаснењето на пожарите, особено во услови на високи температури и непристапни терени?

М.Е: Страшно.Освен проблемите со немање доволно опрема и луѓе (пожарникари-обучени), се соочуваме и со проблем на техника, односно превоз до најблиската локација на линијата на горење. При пристигање на местото, треба да се направи координација и проценка на истиот (се рабира, ако имаме со кого). Многу од ПП Сојузите не сме ги виделе со години, се прашуваме зошто постојат, а и други организации кои се задолжени за чување на шумите ретко ги гледаме.

За жал температурата влијае исто како и кај секој еден човек, без разлика на спремноста на пожарникарот и ние бараме сенка и одмор по одреден период од работа на сонце, чад и екстремно висока топлина. Се случува да после дадено повеќе од максимум и ние сме изнемоштени и дехидрирани, потебен е одмор од некој час, вода, храна и најобично средство за лична хигиена.

Во случај на вакви интервенции, напорни, тешки и многу ризични се мисли на здравјето на пожарникарите, на повреди и заболувања од димот од пожарот што го носи со себе, а влегува преку кожата.

Ги проценуваме силите со кој располагаме, и дури тогаш преземаме активност или акција за гаснење, за спречување на ширењето на пожарот, за локализација и по можност за ликвидација или гасење.

На крајот од денот сите сме само луѓе. И на пожарникарите им е потребна вода и храна, која во најголем дел е недостаток при вакви интервенции, што по одредено време (топло, сончево) ја намалува работоспособноста кај секој еден. Се случува да изнемоштеноста не стави во позиција да побараме одмор, да избегнеме несакани интервенции од медицински лица.

Теренет е посебна задача која мора да се совлада. Непристапноста до одередно место од непроодност, густа вегетација,стрмен карпест предел, опасност од прв степен на повреда (многу голем ризик од повреда на пожарникар) доведува до зголемување на времето на траење на интервенцијата за гасење со дочекување на линијата на пожарот на пристапно место и негово пресекување за понатамошно ширење.

Антропол:  Како ги оценувате ресурсите со кои располагаат пожарникарите во Македонија? Дали има потреба од дополнителна опрема или обука?

М.Е: Дали има потреба од опрема и обука? СЕКОГАШ. Недостатокот од луѓе и опрема е констатен наназад 20 години а можеби и повеќе. Она што беше оставено од стара Југславија се одржуваше краток период и се користеше до максимум па дури и повеќе. Престана  да се инвестира во опрема за гасење, во лична заштитна опрема, во работна опрема и во обука и дообука на вработените и ново применте идни пожарникари. Најмногу се учи од пракса директно на терен и од повозрасните колеги пожарникари. Стандардите се многу опаднати и недостатокот од пожарникари, опрема и обука за жал е видлив. Ресурсите се навистина на многу ниско ниво, што се однесува за обука потребна е во секое време и е неопходна потреба.

Антропол: Каква е координацијата помеѓу локалните и националните власти во одговорот на пожарите? 

М.Е: Координацијата, откако е генерал Стојанче назначен како директор на ЦУК-195 е многу подобрена (човекот излага во пресрет секогаш – по мои сознанаија), за другите не можам да кажам, не сум слушнал од колегите дека излегле на терен да се вклучат во акција за гасење, така да секогаш како професионални пожарникари-спасители сме сами во акција за гасење. Тука спаѓаат локалните власти и сите ПП сојузи.

Антропол:  Како би ја оцениле поддршката од страна на граѓаните при справувањето со пожарите? Дали има доволно свест и подготвеност за соработка? Колку е важна улогата на јавната свест и едукација во превенцијата на пожари и дали се преземаат доволно иницијативи во оваа насока? 

М.А: Поддршката од граѓаните е секогаш морална и добредојдена, со тоа што реткост е да се помогне во оваа финансиска нестабилност од нивна страна и разбирливо. Што се однесува до соработката не е на ниво, за едукација има потреба видливо, но потребна е едукација од мали нозе, т.е. од основно образованиие.
Иницијативи ДА, секогаш се потреба и неопходност. Да потенцирам, Црвена Младина презама активности кои на дело покажаа дека пристапот со граѓаните е позитивен за подигање на свеста и позитивно се враќа со дела. За тоа може да видите и на страната на Црвена Младина.

Антропол: Како влијаат политичките одлуки и економските интереси врз управувањето со шумите и земјиштето? Дали сметате дека некои пожари може да се поврзат со овие интереси?

М.Е: Да, политиката си го зема данокот на секојдневното живеење, со тоа што не се почитува законот, го гледаме тоа од криминалот и поднесени кривични пријави за сешто, казните се многу мали, сторителите се секогаш слободни, граѓаните како интерес имаат корист од изгорена шума само дозволена сеча на дрва, некој за огрев некој за градба. Со ова директно се удира врз квалитетот на животот како на цивилизациско така и на индивидуално живеење. Некои велат промена на законот, а ние левичарите велиме ПРИМЕНА на законот и зголемување на казнивите мерки.

Антропол:.Дали сметате дека постоечките политики за заштита на шумите и животната средина се доволни? Ако не, што би се променило?

М.Е: Постоечките политики не се доволни. Има потеба од многу поголема заштита и едукација зошто се се потребни шумите, не само да ги гледаме и сликаме дека сме во природа и дишеме чист воздух.

Би рекол мораториум за сеча на шуми и нивна непланска експлоатација, а за изгорените шуми ОБНОВА и генерална ЗАБРАНА за градба на истите откако ќе се пошумат во траење од најмалку 20 години и закон со кој се предвидува најмалку 10 години казна за намерно палење или уништување на истите.