Захарова: Допрва зајакнува позицијата на БРИКС на меѓународната сцена
Официјалната претставничка на Министерство за надворешни работи на Русија Марија Захарова на прес-конференција го најави претседателството на Русија со БРИКС.
2024 е посебна година за нас – ова е претседавањето на нашата земја во БРИКС. Тоа влегува во својата одлучувачка фаза. Веќе се одржани повеќе од 130 настани на различни нивоа во сите три главни области на соработка: политика и безбедност, економија и финансии, културни и хуманитарни контакти. <…>
Захарова потсети на самитот на БРИКС што ќе се оддржи во Казањ и додаде дека претседавањето на Русија ќе биде заокружено се сериозни резултати.
Врвот на годината на Русија во БРИКС ќе биде самитот на Асоцијацијата. Да потсетам дека тој ќе се одржи во Казањ од 22 до 24 октомври годинава. … Се надеваме дека со активна поддршка на нашите партнери, руското претседавање ќе биде обележано со сериозни практични резултати и ќе даде значаен придонес за зајакнување на позицијата на БРИКС на меѓународната сцена.
Блокот БРИКС е се пополурана организација, околу 40 отсто од светското население и четвртина од глобалната економија. Повеќе од 40 земји, вклучувајќи ги Саудиска Арабија и Иран, исто така сакаат да ѝ се приклучат на групата, бидејќи некои ја гледаат како алтернатива на воспоставените западни институции.