АктуелноИнтернационално

Лавров: САД стои зад украинските напади

Министерот за надворешни работи на Руската Федерација Сергеј Лавров во интервјуто кое го даде во Бакуза тоа како ја оценувате реториката и позицијата на Западот во однос на состојбата на пограничните руски територии, истакна дека зад украинските напади стојат САД, исто како што беше случајот со Северен тек. Во прилог неговата изјава:

Сергеј Лавров: „Воената ситуација ја оценува раководството на Министерството за одбрана и редовно известува на Претседателот на Русија Влафимир Путин.

Што се однесува до политичката страна, капата на крадецот одамна изгоре. Еволуцијата од „ние немаме врска со тоа“, „никој не нè праша“ до „ни контактираа, но ние не дозволивме“, „Залужни не послуша“ е детски разговор. На сите им е сосема јасно дека Зеленски никогаш не би се решил да го стори тоа (одлуката, се разбира, е негова).

Сега тој се фали дека создава „тампон зона“ и нанесува штета на руската држава. Тој немаше да одлучи да го стори тоа доколку Соединетите Американски Држави не „дале инструкции“. Исто така, нема сомнеж дека Вашингтон стои зад експлозиите на „Северен тек“, кои ја оставија Европа без руско гориво и без одржлива основа за економски развој.

За нас сликата е исклучително јасна. Како и да избегнуваат, вистината е видлива и позната на сите објективни и непристрасни набљудувачи.“