АктуелноЛокално

Захарова: Украинските вооружени сили пукаа во трговски центар преполн со деца

Официјалната претставничка на Министерстворо за надворешни работи на Русија во врска со гранатирањето на трговскиот центар Галактика во Доњецк и други цивилни инфраструктурни објекти на руска територија (16 август 2024 година), за јавноста соопшти дека во моментот на нападатот, трговскиот центар бил преполн со деца.

„Попладнето на 16 август украинските вооружени сили пукаа во трговскиот центар Галактика во Петровскиот рејон на Доњецк, кој беше исполнет со посетители. Во зградата избувнаше силен пожар. Според прелиминарните податоци, во него во моментот на терористичкиот напад на режимот во Киев имало над стотина луѓе, меѓу кои и голем број деца.“

Таа, нарекувајќи ги украински чудовишта, соопшти дека точниот број на жртви не се знае.

„Во моментов површината на пожарот веќе достигна над 10 илјади метри квадратни. Засега нема информации за точниот број на жртви, вклучувајќи ги и загинатите, но сега врз основа на медиумските извештаи и видео снимките од пожар од големи размери, јасно е дека може да ги има многу. Ситуацијата околу трговскиот центар Галактика ја влошуваат обидите на украинските чудовишта да извршат напади со беспилотни летала врз спасувачките екипи кои пристигнаа да го изгаснат пожарот и врз лекарите кои ги помагаат на ранетите.“

Захарова заклучи дека ова е терористички чин приготвен во киевско свенарио.

„Грозниот напад на трговскиот центар е внимателно испланиран терористички чин на украинските неонацисти и гест на очај на украинските вооружени сили во позадина на самоувереното напредување на руските војници на линијата на борбен контакт.“