АктуелноЛокално

Екстремната суша ова лето го преполови земјоделското производство

  • Пишува Никола Петров – Координатор на Левица – Сектор земјоделие

Невидени до сега тропски горештини имаме ова лето 2024, со најмногу денови со температури над 40 степени целзиусови во сенка и истовремено најмалку врнежи од дожд.

Цела јужна Европа е погодена од овој тропски жежок бран кој придонесе за преполовување на земјоделското производство. Романија објави дека до сега 2,8 милијарди евра изнесува губитокот во земјоделското производство поради намалени приноси на пченица, пченка, соја, сончоглед и друго. Исто сушата најмногу ја погоди Сицилија, каде што освен земјоделците штети имаат и сточарите.

Во Србија е погодена сточната храна, а и земјоделските култури.

Кај нас во Македонија големото УВ зрачење од 10 и температурите од околу 50 и над 50 степени ги спржија растенијата. Пиперките и доматите на отворено, како и лозовите и овошните насади кои не се засенчени се горат на жешкото сонце. Штетите во земјоделството и сточарството ќе бидат големи, а тоа ќе резултира со намалено и неквалитетно производство, а цените ќе бидат високи.

Владата до сега не излезе со аларм или прогласување на вонредна состојба заради екстремни високи температури. Очигледно владата не ја сфаќа сериозно опасноста од екстремни високи температури и суша.

Сушата може да предизвика огромни проблеми во земјоделското производство на храна и затоа е потребно носење на стратегија за справување со суши која ќе опфаќа:

  • Набљудување и мониторинг;
  • Планирање и подготвеност за суша;
  • Предвидување и прогнозирање на сушата;
  • Комуникација и достапност до јавноста и засегнатите сектори;
  • Интердисциплинарни и применети истражувања на теми од интерес за секторите погодни од суша;
  • Мерки и активности за ублажување на последиците од суша, итн.