(Видео) Урбанистички хаос се случува во Општина Ѓорче Петров
Oва не се снимки од 2019-2020 година – времето на ексградоначалникот Наумоски, познат како творец на урбаниот хаос во Ѓорче Петров. Ова е моменталната состојба во урбаниот дел на Општината, со потпис на градоначалникот Стојкоски.
Не многу одамна, пред три години, од страна на ДПМНЕ и Стојкоски беше ветувано раскрстување со урбаната мафија, стопирање на урбаниот хаос, беше гарантирано хумано живеење… впрочем, беше ветена градежна офанзива, но целосно спротивно на оваа. Tребаше да имаме градежна офанзива во корист на граѓаните, никако во интерес на урбаната мафија!
Реалноста е дека наместо граѓаните, верни партнери на Стојкоски му се градежните инвеститори. Тие нека посакаат- тој ќе исполни!
Реалноста е дека Ѓорче станува рај за градежните инвеститори, а пекол за жителите.
Сега се нервирате за подземната инфраструктура, надземната инфраструктура, водата, листата на чекање во градинките, загадениот воздух… Навикнувајте се, Стојкоски и ДПМНЕ ви подготвија уште потешки услови, тек да знаете што нѐ чека…
…
Таму каде што застана Наумоски, продолжи Стојкоски. Чист пример е ДУП-от СЗ 13 за Дексион. Го подготви Наумоски, го предложи Стојкоски и го Изгласаа од ДПМНЕ – само што стапнаа на власт. Со него ќе имаме 50 нови згради, а некои веќе почнаа и да се градат.
Иста е ситуацијата и со најново донесениот ДУП СЗ 16 за протегот кај кружниот тек во Влае со 30 нови згради.
Исто е и со Хром. Додека во 2021 година ДПМНЕ смело се мешаше меѓу Хромци ветувајќи им крај на урбаното дивеење – денес се кријат од нив, бидејќи во Хром урбаното дивеење не запре. Се издаваат градежни дозволи и се продолжува со оттуѓување и на она малкуостанато општинско земјиште додека Општината не инвестира апсолутно ништо за подобрување на секојдневието на тие жители.
Не знам дали помните, од страна на активисти на ДПМНЕ беа организирани протести и против бетонизација на реонскиот парк.
Сега токму таму се градат бетонски чудовишта со потпис на Стојкоски.
“Раскинатата љубов“ на ДПМНЕ и ДУИ е воочлива преку издадените градежни дозволи на фирми блиски до ДУИ. За нив не постојат правила, дури ни ако се во прашање безбедноста и животот на граѓаните.
Имаме и градилишта коишто не се заградени со ограда и се без информативни табли. Можеби се и дивоградби, не знаеме, ама не е ни важно… како што би рекле сега од ДПМНЕ: „Битно се гради, се урбанизира“.
Сепак, позерот Стојкоски којшто мора да се пофали и сподели дури и за едно засадено цветче – избегнува да сподели за круцијалните активности, она што навистина се случува и што му престои на Ѓорче Петров – бетонска џунгла и никакви услови за нормален хуман живот.
Како што можеме да забележиме од Извештаите на Државниот завод за статистика, тој одбива да им даде податоци и ним за издадените градежни дозволи.
Можеме да заклучиме дека Стојкоски и гарнитурата на ДПМНЕ на граѓаните не им донесоа никаков бенефит, ама затоа, квалитетно одработуваат за урбаната мафија.