Пријавено прекршување на работничките права во голем број на фирми
Здружението за заштита на работничките права „Гласен Текстилец“ е загрижено поради грубото прекршување на работничките права низ целата држава. Оттаму денеска информираад дека активни случаи на грубо прекшување на работничките права, во моментот имаат кај правни лица низ градовите Штип, Битола, Македонски Брод, Македонска Каменица и Свети Николе.
Според здружението, во Штип еден работодавач започна да работи и во недела иако истиот според Законот за работните односи е ден на неделен одмор, согласно чл.134 ст.2 од Законот.
-Во индустриската зона во Штип, бидејќи имаме членови кои се дел од ГЛАСЕН СИНДИКАТ, ни беше јавено дека има грубо прекршување на работничките права, како што е воведување на 10 часовно време. Ние како Синдикат реагиравме веднаш и истите неправилности беа отстранети. Во Македонска Каменица работниците се пријавени на 2 часа иако работат 8 часа а три пати во неделата работат прекувремено и по 11 часа, додаваат оттаму.
Во своето соопштение информираат и дека во Свети Николе, еден работодавач бидејќи имал регистрирано две фирми, работниците ги префрла од една во друга фирма и договорот за вработување го трансформирал од договор на неопределено време во договор на определено време.
-Работниците се членови на СТЧК кој е дел од Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ), немаме наши членови, но сепак е побарано правна помош и совет од наша страна. Упатуваме апел до ССМ да ги проверат договорите и дали е направена манипулација и злоупотреба на работничките права, а потоа да побараат и нивно раскинување. ССМ и СТКЧ имаат одговорност пред своите членови кои секој месец издвојуваат членарина за синдикат кој треба да има слух за нивните проблеми, посочуваат од „Гласен текстилец“.
Во Битола, додаваат од здружението, имаме работодавач каде работниците се заклучени, имаат постојана прекувремена работа, која не е евидентирана и не е платена.