Донација за луѓето кои претрпеа штета од пожарите ширум Македонија

  • Соопштение на Левица – Свети Николе

Во период од една седмица, активистите на #ЦрвенаМладина, организираа акции за собирање на донации во сите поголеми градови, за луѓето кои претрпеа штета од пожарите ширум Македонија.

Овој викенд, заедно со активистите на #Левица од Свети Николе и Куманово собраните донации беа доставени во опожарените села од Светиниколскиот и Кумановскиот регион. Сликата што нашите активисти ја затекна е навистина застрашувачка. Во наредниот период собирањето на донации од страна на нашите активисти ќе продолжи!

Мештаните во селата ни посочиja дека најголема помош во моментов имаат од градежни материјали и храна за стоката. Воедно, повикуваме секој од граѓаните којшто на било каков начин може да помогне, да го направи тоа.