(Видео) Мојсоска: Здравството не е ниту македонизирано, ниту албанизирано, туку е деградирано!

Пратеничката од редовите на Левица – Јована Мојсоска на денешната седница на Комисијата за здравство, по повод укинување на економските директори изјави:

Ние би ја поддржиле секоја политика која се залага за укинување на формирање на паралелни системи. Тоа го кажавме и за замениците министри, тука се пресликува истата ситуација, односно се работи за функции кои се измислени за да се задоволат апетитие на коалиционите партнери.

Во пракса се покажа дека после 20 години овие економски директори се тотално нефункционални.

Ако во 2011 година долговите на клиниките изнесувале околку 25 милиони евра, во 2016 долгот стигнува до 50 милиони евра, а во 2023 година вкупниот долг на клиниките е 100 милиони евра… Со што се докажува дека не се работи за никакво менаџерско работење и дека овие директори не ја исполнија својата улога и намена.

Сметам дека кај нас јавното здравство не е ниту албанизирано, ниту пак македонизирано, туку е ДЕГРАДИРАНО.

Флагрантен пример е болницата во Кичево каде што се лечат и Албанци и Македонци, и после 40 години ниту една партија не успеа да ја изгради таа болница.